Објавено 09.09.2024. | Автор: Савадек Тим

Савадек Аса – 10 години гаранција на постојаност на бојата

Дали ASA целосно ќе ги замени WPC профилите во иднината?

Појавата на WPC декинг пред неколку години направи револуција во подните облоги за надворешна употреба. Пред WPC ерата не беше можно да се замислат подни облоги кои имаат изглед на дрво, а да траат подолго и без потреба од одржување.

Ова беше "обеќанието" на WPC материјалите.

WPC е материјал кој трае подолго од дрвото и не бара одржување како лакирање или дополнителна заштита. Во зависност од моделот и производителот, помалку или повеќе личи на вистинско дрво.

Како секоја иновација, и WPC треба да го помине тестот на време. Производителите ширум светот собираат повратни информации од крајните корисници. Сè укажуваше на промена на интензитетот на бојата.

WPC под влијание на UV зраци по неколку години "менува боја".

Овие не се драстични промени на бојата, но губитокот на пигмент може да се забележи по неколку години. UV стабилизаторите во композитната структура не успеаја да го задржат истиот интензитет на бојата на површината. Беше потребно да се развие заштитен омот околу композитот за да се спречи овој проблем на долг рок.

Што е ASA?

Структурата на ASA материјалот и експертизата можете да ја слушнете од нашиот технолог за производство Дарко, во видеото што токму го снимаме.

Во овој напис ќе се фокусираме на примена на ASA и предностите што ги има во однос на другите синтетички материјали.

ASA (Acrylonitrile Styrene Acrylate) е вид на полимер кој има 10-12 пати поголема отпорност на надворешни влијанија од сите други полимери и термопластики. Најголема примена има во автомобилската индустрија.

Пример се куќиштата на инструментите на контролните плочи или надворешните делови, како што се ретровизорите или лајсните кои се најмногу изложени на сонце и влијание на UV зраците.

Дали ASA менува боја?

Подобро прашање е дали ASA го менува интензитетот на бојата, а одговорот е – не менува!

Ова не е само лабораториски тест потврдено.

Американскиот производител на кровни покривачи Inco Roof објави на својата веб страница слика од кров кој го поставиле во 2003 година во Флорида.

По 16 години директно влијание на UV зраците и сонцето цела година, кровот не ја сменил бојата.

Отпорност на ASA на механички оштетувања?

Испитувањето што го спроведовме на Факултетот за машинство во Белград покажа дека профилот направен од ASA материјал има издржливост до 15.000 единици. Стандардот за WPC декинг подови е 3-4.000 единици (Savadeck Premium има издржливост до 6.000 единици, и затоа го препорачуваме како декинг за јавни површини).

Поедноставено, отпорност од 15.000 единици значи дека ASA може да издржи дејство на насочена сила до една тона по квадратен сантиметар.

Отпорност на ASA материјалот на влага и вода?

ASA значително помалку апсорбира вода од другите полимери.

Зошто е тоа важно?

Материјалите кои имаат поголем процент на апсорпција на влага се склонни кон поголемо ширење и собирање. Ова е најчестата причина за разни дефекти, како што се виткање или пукање на подниците.

За време на испитувањето е утврдено дека ASA декингот апсорбира 4 пати помалку влага од стандардниот WPC профил, што директно влијае на векот на траење.

ASA декинг подови и фасади

Покрај квалитетот и долговечноста на профилите, декинг или фасадни облоги од ASA имаат изглед најблиску до дрво. Комбинирањето на две или повеќе бои го губи монолитниот изглед кој полимерите обично го имаат.

Ова е само почеток.

ASA се користи со години во областа на дигиталниот печат. Во наредните години, на пазарот ќе бидат достапни ASA профили кои изгледаат идентично како вистинско дрво. Со дигитален печат може да се постигне оригинална структура на бор, јасен, храст, сибирски ариш или било која егзотична врста на дрво.

Има ли ASA недостатоци?

Покрај квалитетот и изгледот, ASA се истакнува и по цената. Ова е една од главните причини зошто само неколку познати производители на декинг во светот започнаа со производство на профили од ASA, која е речиси двојно поскапа од стандардните WPC профили.

Дали ова е недостаток? Оставаме на вас да одлучите.

Ако сакате постојан материјал за вашата тераса или фасада, кој нема да ја менува бојата 10 или 20 години, тогаш должите себеси да размислите за ASA профили.

Други статии

Погледни ги сите
blog post

WPC декинг или сибирски ариш – компаративен тест

blog post

Savadeck Asa – 10 години гаранција за постојаност на бојата

Контактирајте не

Ритам Трејд доо

Козле бр 91,
1000 Скопје,
Македонија
+38902 32 22 519