При обработка на оризот, односно пиринчот, за исхранбени цели, зрното се одвојува од лушпата која се отфрла како вишок. До неодамна, лушпата се фрлаше, но сега беше најдена примена за неа. Пред употребата на оризот, WPC декинг подови се произведуваа од дрво. Новата Савадек формула наместо дрво содржи оризови лушпи кои допринесоа за подобрување на својствата на материјалот, првенствено се подобрени својствата на отпорноста на вода, што значително влијае на издржливоста и долготрајноста на декингот. Исто така, оризовата лушпа има поголем модул на еластичност, како и отпорност на механички оштетувања. Покрај подобрените технички својства, според оцените на корисниците, обезбедува и пријатен допир со човечката кожа.
По скоро деценија присуство на пазарот, испорачавме и инсталиравме голем број фамилијарни тераси, базени, пловила и дворови низ земјата и регионот. Со врвен квалитет и естетика, вашата тераса ќе стане омилено место за одмор и уживање со
фамилијата и пријателите.
Со заменување на дрвото со обвивка од ориз, покрај зајакнатата формула на композитот, придонесуваме за заштита на шумите. Со изборот на Savadeck decking, придонесувате и вие. Секој десетти квадрат кој го произведуваме и инсталираме ја продолжува животната возраст на едно дрво. Досега, заедно, сме спасиле шума голема колку 100 хектари.
Савадек Класик подови се најчесто користат за приватна употреба, како тераси, патеки во дворови, базени, фамилијарни пловила, летниковци и слично. Исто така, можат да се користат и на средно фреквентни газни површини, како што се тераси на деловни објекти, градини на кафеани, затворени и отворени базени, ресторани и други угостителски објекти.
Гаранцијата целосно покрива отпорност на атмосферски влијанија (падови, влага, сончеви зраци, промена на температура), отпорност на развој на микроорганизми како што се бактерии за трулење и габи, како и стабилни технички својства – отпорност на кршење на патосниците и пробивање на облоги во стандардни услови на употреба.
Забелешка: Калкулацијата е направена врз основа на нормативната потрошувачка на материјал за отворени површини за Savadeck Classic платформа со димензии 3×3 метри. Табелата има информативен карактер. Во табелата не е вклучен дополнителниот материјал за нивелирање и фиксирање на подконструкцијата. Количината на потребниот материјал може да варира во зависност од подлогата.
Елемент | Декинг патосница | WPC гредица | Савадек клипса | Спакс шрафови |
---|---|---|---|---|
Потребно за 1 m² | 0.96 - 1.05 m² | 3 - 3.8 m | 20 - 25 x kom | 20 - 25 x kom |
Савадек Класик | 42€ | 4.70€ | 0.27€ | 0.10€ |
Савадек Класик вкупна оквирна цена за 1 m² | од 61.82€/m² |
Монтажа по m² | 35€/m² |
Савадек Класик вкупна оквирна цена за 1 m² | од 96.82€/m² |
Savadeck Classic е усогласен со европските стандарди за квалитет, здравје, безбедност и заштита на животната средина. Тестовите се извршени согласно тест методите прописани во стандардот EN 15534-1:2014+A1. Резултатите од тестовите се во рамките на поставените вредности, целосно ги исполнуваат сите пропишани критериуми и се во согласност со директивите и стандардите пропишани од страна на ЕУ, така што ги исполнуваат сите критериуми потребни за носење на CE ознаката. На барање на клиентите развивме Savadeck Classic 5 со подобрена и подолготрајна формула на композит, која е наменета за сите типови приватни и комерцијални објекти.
Во текот на годината, во надворешниот сезонски период, можете да купите Savadeck производи по намалени цени.
Без разлика дали е подлогата која сакате да обложите со декинг мек тип како земја, песок, хидроизолација или се работи за тврда, бетонска основа, беатон, керамички плочки или решеткеста конструкција, Savadeck има решение за изработка на сите типови подлоги. Доколку имате опција да изберете, за да го намалите трошокот за изработка на декинг платформата, се препорачува подготовка на тврда бетонска подлога. Доколку сте ограничени во подготовката на подлогата по технички или други причини, на располагање ви е Savadeck техничка поддршка која е тука да најдеме заедно најефикасно решение.
Доколку сакате професионална монтажа, на располагање ви се искусни Savadeck мајстори со богато искуство во монтажа на декинг облоги и решавање на најкомплексните проектни задачи. Со правилна монтажа на декингот осигурувате долгорочна функционалност и несметано користење на декинг палубата. Доколку сакате сами да вршите монтажа, на располагање ви е Savadeck техничка поддршка.
Козле бр 91,
1000 Скопје,
Македонија
+38902 32 22 519